Утрински Весник
Економија

ЗЕЛС бара итен состанок со Владата со цел решавање на проблемите со енергетската криза

ЗЕЛС бара итен состанок со Владата со цел решавање на проблемите со енергетската криза
Dik 300x250 mk

На денешната четврта седница на управниот одбор на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), едногласно е изгласан заклучок да се побара итен состанок со Владата со цел изнаоѓање на решение за проблемите предизвикани од енергетската криза.

Оттаму наведуваат дека се бара средбата да се реализира со членовите на управниот одбор на ЗЕЛС со Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, и со претставници на ресорите кои се директно поврзани со справување со последиците од енергетската криза.

Станува збор за голем проблем и градоначалниците веќе подолг период алармираат на повеќекратно зголемување на сметки за електрична енергија, а во некои општини и за повеќе до 500 проценти во однос на тие пред почетокот на кризата, велат од таму. Претставниците на ЗЕЛС побараа навремена реакција од Владата за надминување на оваа состојба, потенцирајќи дека доколку тоа не се случи час поскоро, ќе се доведе во прашање функционирањето на општините, но и на јавните претпријатија и образовните институции.

На состанокот се дискутираше и за општата финансиска состојба на општините, каде што ЗЕЛС уште еднаш го потврди ставот дека за поголема финансиска самостојност потребно е зголемување на средствата од дотации и поголем процент од персоналниот данок на доход, како и данокот на додадена вредност.

Можете да прочитате

Стан во Центар од 91 м2 е продаден за 280.000 евра, над 3.000 евра за квадратен метар

Скопје домаќин на 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој од 28 до 30 октомври

Граѓаните најмногу земаат потрошувачки и станбени кредити