Утрински Весник
Свет

Зеленски: Украинските војници се повлекоа од Лисичанск

Украинскиот претседател Володимир Зеленски доцна синоќа призна дека украинските сили се повлекле од Лисичанск во Донбас.

dobivaj vesti na viber

Тој вети дека ќе ја врати контролата врз областа, „благодарение на тактиката на армијата и изгледите за пристигнување на ново, подобрено оружје“.

„ Ако командантите на нашата армија ги повлечат луѓето од одредени точки на фронтот, каде што непријателот има најголема предност, а тоа важи и за Лисичанск, тоа значи само една работа“, рече Зеленски во видео-обраќањето вечерва, пренесе „Ројтерс“.

Украинската воена команда претходно објави дека украинските сили биле принудени да се повлечат од источниот град Лисичанск, последното упориште на Киев во областа Луганск.

„ Продолжувањето на одбраната на градот би довело до фатални последици. За да се спасат животите на бранителите на Украина, донесена е одлука за повлекување“, се наведува во соопштението објавено на социјалните мрежи.

Претходно рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го информираше рускиот претседател Владимир Путин за наводното ослободување на самопрогласената Луганска народна република (ЛПР) и воспоставувањето целосна контрола над Лисичанск.

Можете да прочитате

(Видео) На брегот на Ибица изгоре јахта вредна 23 милиони евра

Претседателката на Тајван предупредува: Заканата од Кина е сеуште висока

(Видео) Неколку лица се повредени во сообраќајна несреќа во Дубровник