Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Зеленски го потпиша барањето за итен влез на Украина во ЕУ

Зеленски го потпиша барањето за итен влез на Украина во ЕУ
300x250 opst2

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека потпишал официјално барање за пристапување на Украина во ЕУ.

Зеленски побара од Европската Унија да и дозволи на Украина веднаш да стане членка, според посебна процедура, бидејќи таа се брани од инвазијата на руските сили.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел претходно изјави дека за прием на Украина во Европската Унија потребна е согласност од сите земји-членки, а некои од нив имаат различни ставови.

„Приемот на Украина бара едногласна одлука од сите земји-членки“, рече Мишел, додавајќи дека има различни мислења за ова прашање.

Мишел вети дека редовно ќе го кани украинскиот претседател на самитите на ЕУ.

Можете да прочитате

Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе се отвори на 14 октомври

Неколку луѓе загинаа при експлозија во воена фабрика во САД

Трамп ја откажа средбата со Си