Утрински Весник
Свет
Img 7972

Захарова: Ќе одговориме на сите мерки на САД, па дури и на идиотските

Img 7972

Коментирајќи го предлогот на американскиот Конгрес, Русија да се прогласи за спонзор на тероризмот, портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, изјави дека Русија ќе одговори на сите мерки, вклучително и на, како што рече, оние идиотските, пренесува „Спутник“.

„Сите мерки што ќе ги преземат, дури и оние од идиотска природа, ќе добијат свој развој и продолжение, а ние несомнено ќе одговориме на сè и тие треба да го сфатат тоа“, рече Захарова за време на емисија на јутјуб-каналот „Соловјов во живо“.

Претходно портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс, за Си-ен-ен изјави дека САД ја анализираат можноста Русија да ја вклучат на листата на терористички соучесници.

Според „Спутник“, Москва смета дека ваквите изјави од Вашингтон се пропаганден потег.

Можете да прочитате

Израел ослободи 1.968 затвореници како дел од договорот за прекин на огнот во Газа

Франција го евакуираше претседателот на Мадагаскар, не е позната неговата нова локација

Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа