Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Започна пријавувањето за најубаво уреден двор во Делчево

Започна пријавувањето за најубаво уреден двор во Делчево
Dik 300x250 mk

Делчево, 18 мај 2020 (МИА) – Во рамките на кампањата „Заедно до поубаво Делчево“ и согласно Програмата за промоција и комуникација со јавноста, Општина Делчево и оваа година ќе избира најубаво уреден двор. За таа цел, денеска, како што информираа од Општината, е објавен јавниот конкурс за избор на најубаво уреден двор во градот.

– Целта на оваа акција е сите заедно да придонесеме за поубаво Делчево, но и како Општина да ги наградиме граѓаните и фирмите за својата улога во разубавувањето на градот, а од друга страна и да ги мотивираме сите граѓани на Делчево да дадат свој придонес за негово разубавување. На Јавниот конкурс кој е објавен денеска ќе можат да се пријават сите граѓани кои ценат дека нивното дворно уредување заслужува внимание, но и сите граѓани кои се воодушевуваат на дворот на пријател или сосед, да го пријават за да учествува на изборот за најубаво уреден двор во Делчево, информираа од Општина Делчево.

Конкурсот, како што додаваат, ќе биде отворен до крајот на јуни.

– По истекот на предвидениот рок за пријавување, комисијата формирана од стручни лица ќе ги посети пријавените дворови и ќе го оценува уредувањето на дворните површини. За сопствениците за најдобро уредени дворови, Општина Делчево има обезбедено две награди во категориите – Индивидуално домување и Колективно домување и правни лица, додаваат од Општината.

Паричните награди за победниците на натпреварот се во висина од 10 илјади денари. Деталите за начинот на пријавување и критерирумите за учество, како што додаде организаторот, се објавени на општинската веб-страна. вс/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче од Битола: Економијата е заглавена, инфлацијата галопира – Мицкоски ја влече државата назад

Филипче од Битола: Оваа власт не ги решава проблемите на луѓето туку ги игнорира

Филипче од Ресен: На 19 октомври масовно излезете на изборите, заедно да ја вратиме надежта