Утрински Весник
Македонија

Жител на Врапчиште осомничен за лажен исказ пред суд

Жител на Врапчиште осомничен за лажен исказ пред суд

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка и до надлежниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице на возраст од 44 години за кривично дело – Давање лажен исказ од член 367 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, на 19.10.2021 година, дал лажен исказ пред судот, јавувајќи се во својство на сведок-оштетен на главна расправа во постапка по поднесено обвинение за кривични дела Лихварство и Изнуда. Притоа тој ги негирал наводите од записникот за поднесена пријава, врз основа на која било поднесено обвинението против лицето осомничено за овие две кривични дела.​​

Можете да прочитате

Ивановска открива: И покрај официјални записници за затворање, угостителски објекти во Скопје работеле без прекин

Лабовиќ: Јавното обвинителство е заробено во дисфункционалности

Мицкоски: Продолжување на реформскиот процес со јасни рокови и конкретни резултати