Утрински Весник
Магазин

„Жена-чудо 1984“ со одлична заработка од продажба на кинобилети

Wonder Woman 1984 дебитираше во САД со највисока заработка на киноблагајните во услови на пандемија.

Филмот заработи 16.7 милиони долари на северноамериканскиот боксофис во текот на викендот на Божиќ.

Иако е капка во море во споредба со над 100 милиони долари генерирани од оригиналниот филм „Жена-чудо“ од 2017 година, сепак се смета за успех на „Ворнер Брос“ со оглед на фактот дека само 35 проценти од кината во САД се отворени.

Студиото објави во неделата дека се движи напред за брза реализација на третиот филм за жената чудо со враќање на Гал Гадот и режисерот Пети Џенкинс.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ново истражување: Пестицидите од храната завршуваат во телото

Од музеј во Парма украдени три слики вредни околу девет милиони евра

Италијански остров нуди 15.000 евра за преселба и месечен надоместок за деца