Утрински Весник
Свет

ЕУ купува ограничена залиха на ремдесивир и веднаш бара нова доза

ЕУ купува ограничена залиха на ремдесивир и веднаш бара нова доза
Dik 300x250 mk

Европската комисија соопшти дека се договорила за купување на ограмничена залиха на ремдесивир, лек против ковид-19, со американскиот производител на лекот „Гилеадом“, за да ги задоволи краткорочните потреби на европските пациенти и надешта дека подоцна ќе успее да нарача уште.

Ремдесивир е единствен лек до сега одобрен во ЕУ за употреба против ковид-19, но речиси сите достапни залихи веќе ги купија САД.

ЕК се согласила да плати 63 милиони евра за купување доволно дози за лекување на околу 30.000 пациенти, се наведува во изјавата.

САД во јуни потпишаа договор со Гилеадом за над 500.000 третмани на лекување, што сочинува поголем дел од производството до септември.

Комисијата соопшти дека со оваа набавка на лекот ќе се решат само моменталните потрби и додала дека веќе работи на тоа да обезбеди нови дози од септември.

Според информациите, платено е 2.340 долари по пациент, сума за која компанијата соопшти дека ќе ја наплати во побогатите земји.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно