Утрински Весник
Македонија

ЕСМ: Лага е дека причина за евентуалното поскапување на струјата се загуби во компанијата

ЕСМ: Лага е дека причина за евентуалното поскапување на струјата се загуби во компанијата

АД ЕСМ остро ги демантира лагите на ВМРО – ДПМНЕ дека причина за евентуалното зголемување на цената на струјата, се загуби на компанијата или неодговорно работење, соопштија од компанијата.

„Производството на електрична енергија е намалено заради кризата со коронавирусот, односно помалата побарувачка на струја на домашниот и странските пазари. Со тоа, намалени се приходите во компанијата, за што особено впечатлив пример е продажбата на електрична енергија“, се наведува во писмената реакција на прес-конференцијата на Стевче Антовски од ВМРО-ДПМНЕ кој обвини дека поради неодговорните и неспособни политики на СДСМ, но и криминалните тендери во РЕК Битола, преку кои милиони завршија на сметки на приватни фирми, од септември следува поскапување на цената на струјата.

Од компанијата соопштија дека годинава само еднаш продала електрична енергија за 5 милиони евра, додека минатата година приходите по овој основ изнесувале 22 милиони евра.

„Износот на депозитот за кој зборуваат од ВМРО – ДПМНЕ е зголемен во споредба со она што беше наследено во АД ЕСМ. Прекината е и праксата да се увезува скапа струја што ја практикуваше лидерот на опозициската партија. Јавните набавки во подружниците на АД ЕСМ се согласно законите на државата, иако и тоа во ВМРО – ДПМНЕ веројатно тешко може да го разберат. Наместо да заговараат бркање од работа на работници под превезот на терминот “раководните структури да направат подлабоки резови и оптимализација на работењето”, ВМРО – ДПМНЕ треба да признаат дека земјава води успешна енергетска политика, а граѓаните сеуште ја плаќаат најниската цена на струјата во Европа и ги користат придобивките од евтината тарифа“, се наведува во реакцијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Тешка сообраќајка вечерва во Кисела Вода

Мицкоски: Германија останува наш сојузник и силен подддржувач

Нови детали: Затвореник вечерва пукал кон член на групата Грчец