Утрински Весник
Македонија

Енес Ибрахим реизбран за претседател на Партијата за движење на Турците

Енес Ибрахим реизбран за претседател на Партијата за движење на Турците
Dik 300x250 mk

На петтиот редовен Конгрес на Партијата за движење на Турците (ТХП), кој се одржа во Охрид, Енес Ибрахим едногласно беше реизбран за претседател на партијата.

Ибрахим во своето обраќање истакна дека и во следниот период целта на ТХП ќе биде целосна имплементација на партиската програма која предвидува подобрување на позицијата на турската заедница во Северна Македонија. Ибрахим им се заблагодари на делегатите за повторно добиената поддршка и потенцира дека ТХП ќе продолжи да биде силен политички субјект со јасна визија и цел.

Во рамките на Конгресот се одржа и работен дел составен од тематски комисии каде се утврдија идните политички чекори на партијата. Меѓу темите кои се дебатираа се најдоа актуелните политички случувања, култура, образование на мајчин јазик и начинот на делување на престојните локални избори.

Можете да прочитате

Поранешен директор и вработени под истрага за злоупотреба на службени патувања

Утре сончево време со температура до 21 степен

Ретка можност: Балкански рис фатен во Кичево (ВИДЕО)