Утрински Весник
Магазин

Елтон Џон го осуди Дабејби за коментари што поттикнуваат стигма против ХИВ

Елтон Џон го осуди Дабејби за коментари што поттикнуваат стигма против ХИВ
Dik 300x250 mk

Британската музичката ѕвезда Елтон Џон го осуди американскиот рапер Дабејби за коментарите што ги даде за носителите на ХИВ во текот на концерт.

Британскиот музичар тврди дека ваквите изјави подгреваат стигма и дискриминација.

Дабејби предизвика лавина критики за тоа што ѝ рече на публиката на викенд-концерт во Мајами да запалат светло на мобилниот телефон. „Ова не важи за оние кои се ХИВ-позитивни, или оние кои имаат смртоносни сексуално-преносливи болести од кои ќе умрете за две или три недели,  и геј мажите кои вршат сексуални акти на паркинзи!“

Раперот оттогаш се извини.

Елтон Џон се огласи Твитер со остра реакција: „Бевме шокирани кога читавме за дезинформациите за ХИВ и хомофобичните изјави дадени на неодамнешното шоу на DaBaby“.

„Ова ја поттикнува стигмата и дискриминацијата и е спротивно од она што му е потребно на нашиот свет за борба против сидата“, твитна Џон, кој има своја добротворна фондација за ХИВ.

Можете да прочитате

Ова е најомразениот знак во хороскопот – и тоа поради неколку особини

Два чаја кои e најдобро да се пијат наутро за детоксикација и полесно слабеење

Премногу витамини можат да убијат: Лекарите предупредуваат дека тие го оштетуваат срцето и црниот дроб