Утрински Весник
Свет

Експлозија во Франција – најмалку седум мртви,меѓу кои и две деца

Експлозија во Франција – најмалку седум мртви,меѓу кои и две деца

Најмалку седум лица, меѓу кои две деца, загинаа во експлозија и пожар во југозападна Франција во градот Сен Лоран де ла Салан, изјави министерот за внатрешни работи Жерал Дарманен.

Министерот ќе го посети местото на експлозијата, пренесе Ројтерс.

Најмалку четири лица се повредени, од кои едно потешко, а околу 25 лица се евакуирани.

27-годишен маж, многу тешко повреден, бил пренесен во болница, а наводно скокнал од првиот кат за да избега од пламените јазици.

Три лица биле полесно затруени од испарувања. Околу 8.30 часот од Брзата помош соопштија дека телата се пронајдени во урнатини.

По експлозијата следеше пожар, изјави полковникот кој интервенираше во понеделникот наутро.

На лице место се уште имало 85 пожарникари. Експлозијата погоди најмалку 11 станови.

Можете да прочитате

„Мета“ во Италија казнета со 805 милиони евра поради пристап до фотографиите на корисниците на „Андроид“ без нивна дозвола

Украина и Русија договараат размена на најмалку илјада воени заробеници

„СпејсИкс“ за првпат успешно го прифати горниот сегмент на ракетниот систем „Старшип“