Утрински Весник
Спорт

Еднрујз: Само ваквцинираните ќе играат на Австралија опен

Еднрујз: Само ваквцинираните ќе играат на Австралија опен

Властите на австралиската држава Викторија, ги отфрлија сите можности, дека тенисерите и тенисерките кои не се вакцинирани ќе можат во јануари наредната година, да учествуваат на Австралија опен.

„Нема никакви специјални преговори, само вакцинираните ќе можат да играат во Мелбурн“, изјавил премиерот на Викторија, Даниел Ендрјуз.

Оваа изјава става голем знак прашалник околу учеството на Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер е рекордер со девет трофеи во Мелбурн.

„Мислам дека невакцинираните нема да добијат виза. Дури и да ја добијат, ќе мора да бидат во карантин неколку недели, што значи дека не постојат шанси да играат на турнирот“, истакнал Ендрјуз.

Ѓоковиќ: Си земаат слобода да ме прашаат дали сум вакциниран

> Еднрујз: Само ваквцинираните ќе играат на Австралија опен <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина