Утрински Весник
Македонија

Единствена Македонија: Фудбалерите да не ги прифаќаат парите од Владата

Единствена Македонија: Фудбалерите да не ги прифаќаат парите од Владата
Dik 300x250 mk

Владата во Скопје тргнувајќи од бизнис менталитетот во погубното водење на државата, прво што направи по големиот успех на фудбалската репрезентација со пласманот на Европското фудбалско првенство, објави дека доделува награда од по 10.000 евра, велат од партијата Единствена Македонија преку соопштение.

Според партијата на Јанко Бачев, овој голем фудбалски успех не е прашање на пари туку е национална гордост за Македонија и овие средства за фудбалерите не се некоја сатисфакција бидејќи имаат убави годишни плати со играњето во странски клубови.

Затоа, Единствена Македонија ги повикува фудбалските репрезентативци „да не го прифатат ова понижување и доделените владини пари да ги донираат за медицинските лица кои деноноќно и со месеци се борат со тешката здравствена состојба во земјата“, се наведува во соопштението.

На тој начин, според партијата, и фудбалската репрезентатција на конкретен начин ќе покаже дека секогаш е на страната на народот.

„Кризата со коронавирусот се повеќе се шири со зголемениот број на нови заболени, но и на смртни случаи. Сега е најважно здравјето на народот. Успехот на фудбалската репрезентација е настан со немерливо и историско значење и не треба да биде поматен со било какви непромислени одлуки од владата и од било кого, посебно во ова тешко време со коронавирусот“, се наведува во соопштението на Единствена Македонија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Костадинов за МТВ: Субвенцијата за новореденче во Валандово ќе се зголеми од 5.000 на 30.000 денари

Кумановка дала 2000 евра за патување – останала дома и без пари

Прегазена малолетничка во Скопје, возачот на автомобилот побегнал