Утрински Весник
Политички Партии

Единствена Македонија: СДСМ призна дека за осудените за 27 април нема тероризам

(Видео) Бачев: Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ никогаш нема да ги признае овие избори

СДСМ на вчерашната прес – конференција како реакција на големиот народен протест истакна дека народот протестирал за одбрана на насилство квалификувајќи ги осудените за 27 април како насилници, велат од Единствена Македонија.

„Го прашуваме СДСМ, ако е така, тогаш зошто лицата за 27 април не се судени за насилство кое е многу полесно кривично дело со пропишана казна во траење колку и досегашното четиригодишно лежење во затворските зандани. Паднаа маските. Потсвеста е чудна работа. СДСМ потсвесно призна дека лицата за 27 април се осудени за наменско кривично дело тероризам, бидејќи самите на пресот рекоа дека имало кривично дело насилство“, се наведува во соопштението.

Од партијата велат дека лицата за 27 април се неправедно осудени со лажен заштитен сведок по петнаесетина години затвор.

„Зошто? Биле терористи. Не. Фрлени се во темните затворски зандани само поради неизмерната љубов кон Татковината. Правно гледано, во Република Македонија монтираните судски процеси со лажен заштитен сведок се забранети. Одговорност мора да има, и ќе има“, велат од Единствена Македонија.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт