Утрински Весник
Свет

Државен секретар на САД: Америка не планира да го купи Гренланд

Државен секретар на САД: Америка не планира да го купи Гренланд

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, потврди дека САД не сакаат да го купат Гренланд, откако идејата ја изнесе поранешниот претседател Доналд Трамп, што предизвика дипломатски спор.

Блинкен ја посети данската автономна територија на крајот од четиридневната турнеја што вклучуваше состанок на Арктичкиот совет на министри во Рејкјавик.

„Јас сум во Гренланд затоа што САД длабоко го ценат нашето партнерство и сакаат да го направат уште посилно“, рече Блинкен на последната станица од турнејата по Арктикот, пренесува „Гардијан“.

На прашањето дали САД дефинитивно отфрлиле какви било планови за купување на Гренланд, Блинкен одговори со насмевка: „Можам да потврдам дека тоа е точно“.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во август 2019 година објави дека размислува за купување на Гренланд, а данската влада го оцени ваквиот предлог како апсурден.

Можете да прочитате

Најмалку 23 луѓе загинаа при воздушен напад врз пазар во Хартум

Нетанјаху бара од Гутереш веднаш да ги префрли војниците на УНИФИЛ на безбедно

Повеќе од сто земји-членки на ОН потпишаа писмо за поддршка на Гутереш