Утрински Весник
Свет

Доцнењето на вакцинацијата може да ја чини ЕУ 100 милијарди евра

Привремено прекинато испитувањето на вакцини против коронавирус, се разболеа учесниците во тестирањето
Dik 300x250 mk

Бавната и хаотична вакцинација против коронавирус во ЕУ во однос на Велика Британија и САД може да ја чини европската економија десетици милијарди евра, дури 100 милијарди, покажа студија на агенцијата „Блумберг“.

Затворањето поради коронавирусот значи дека економијата на ЕУ работи на околу 95 отсто од нивото пред пандемијата, што е околу 12 милијарди евра изгубено производство неделно.

Исто така, ЕУ е неколку недели зад ривалите во однос на вакцинацијата и напредува побавно од нив.

Ако тоа не се промени, ЕУ ќе мора да го задржи „заклучувањето“ и другите ограничувања дури и кога другите водечки економии ќе се вратат на „нормалниот бизнис“. Доцнењето од еден месец или два значи штета од 50 до 100 милијарди евра.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил

Русија: За да биде потпишан мировен договор, Токио треба да се откаже од антирускиот курс