Утрински Весник
Здрав Живот

Доколку дланките и стапалата постојано ви се ладни тоа може да укажува на овие 4 заболувања

Успорената работа на штитната жлезда може да доведе до успорување на метаболизмот, а често е проследена со ладни екстремитети или пак чувство на студенило.

До чувство на ладно доаѓа поради процесите со помош на кои што се одржува температурата на виталните органи. Меѓутоа, доколку рацете и стапалата постојано ви се ладни, тоа може да укажува на некои здравствени проблеми.

Анемија

Доколку освен студените раце чувствувате и некои други симптоми, како на пример умор, главоболка и малаксаност, проверете го нивото на железо во крвта. Железото е главна состојка на хемоглобинот, молекула која пренесува кислород во крвта и дава црвена боја.

Дијабетес

Студените дланки и стапала можат да бидат прв знак за дијабетес. Дијабетесот остава последици на крвотокот, како и на нервниот систем, па често е проследен со оваа појава. Постојано сте жедни, многу јадете, а не се дебелеете или пак слабеете, задолжително проверете го нивото на шеќер во крвта.

Штитна жлезда

Успорената работа на штитната жлезда доведува до успорување на метаболизмот, а често е проследена со ладни екстпремитети или пак чувство на студ. Уморот, летаргијата, поспаноста, успореноста на зборувањето и движењето, како и неподнослива висока телесна температура се јасни знаци за ова пореметување.

Стрес

Стресот исто така може да биде причина за студените раце и стапала. Тој го зголемува адреналинот, хормонот кој се произведува во надбубрежната жлезда кој што ги стеснува крвните садови, па циркулација е послаба, а рацете и стапалата ви се поладни.

Можете да прочитате

Како да го идентификувате типот на кожата и грижа за секој тип на кожа?

igoreditor

Истражување покажало дека чувањето куче може да ви го продолжи животот

utrinskilogin

Од колку вода, кафе или алкохол испиени одеднаш може да умрете

utrinskilogin