Утрински Весник
Македонија

Димитров ќе учествува на денешната конференција посветена на „Отворен Балкан“

Димитров ќе учествува на денешната конференција посветена на „Отворен Балкан“

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска ќе биде говорник на политичкиот панел во рамки на конференцијата „Отворен Балкан – Пат кон стабилизација, соработка и просперитет на регионот“, на покана на организаторите – Народното собрание на Република Србија, Српско-американскиот конгрес за пријателство и Источно-западниот мост, соопштија од неговиот кабинет.

Како што велат од кабинетот на Димитров, на панелот ќе се афирмира политичкото значење на оваа иницијатива за регионот и од аспект на европската интеграција, а ќе се обратат и премиерката на Србија, Ана Брнабиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама, како и специјалниот претставник на САД за Западниот Балкан, Габриел Ескобар и специјалниот пратеник на ЕУ, Мирослав Лајчак.

Можете да прочитате

Спасувачка акција на повредено лице над Горно Јеловце

ДЗС: Под целосна контрола пожарот во близина на Скопскиот аквадукт

Локализиран пожарот што избувна во местото Аквадукт