Утрински Весник
Спорт

Дивац: Во ова време Џордан би давал по 80 поени на натпревар

Дивац: Во ова време Џордан би давал по 80 поени на натпревар

Поранешниот НБА играч и генерален менаџер на Сакраменто Кингс, Владе Дивац,нема дилема дека Мајкл Џордан е најдобриот на сите времиња. Во последно време се повеќе се полемизира дали Коби Брајант или Леброн Џејмс се во иста категорија со Џордан.

„Сега „пластично“ ќе ви објаснам. Да го имате Џордан во тимов, во денешно време, со овие правила, тој би имал просек од 80 поени по натпревар. Сега правите споредби кој е најдобар. Правилата се сменија, нема физички контакт, груба игра, нема фокусирани одбрани. Се игра за публика, за кош повеќе, што е убаво, но сметам дека повеќе нема конкурентност. Не е благодарно да ја споредувате една генерација со друга“, рекол Дивац.

> Дивац: Во ова време Џордан би давал по 80 поени на натпревар <

Можете да прочитате

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026

Драма до крај: Босна ја шокира Италија, Чешка ја елиминира Данска

Македонија без голови во Даблин – нападот повторно разочара