Утрински Весник
Магазин

Де Ниро на свечен ручек во чест на „Трибека“

Де Ниро на свечен ручек во чест на „Трибека“

Роберт де Ниро во средата приреди ручек по повод отворањето на годишниот филмски фестивал Трибека, уште еден знак дека Њујорк се враќа во нормала по пандемијата.

На ѕвездата ветеран, кој имаше ортопедско помагало за ногата откако претрпе тешка повреда на снимањето на филмот на Мартин Скорсезе, „Убијци на цветната месечина“, му се придружија гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо и домаќин на голем број водечки актери во Големото јаболко.

Вупи Голдберг и Алек Болдвин беа меѓу ѕвездите кои му се придружија на Де Ниро на свечениот ручек пред филмскиот фестивал.

 

Ручекот во Pier 76 го означува почетокот на еден од најголемите светски фестивали со настани во живо од избувнувањето на глобалната здравствена криза.

Медиумите го искоментираа настанот како знак дека Њујорк полека се враќа во постпандемска нормала.

Можете да прочитате

HELLENiQ ENERGY инвестира над една милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

Поради шега што ја направил на девет години, добил доживотна забрана за летање – Години подоцна стана гласот на аеродромот

Американец ја тужи „Опен-АИ“: Чет-ГПТ и помагал на сопругата да испланира како да го убие