Утрински Весник
Спорт

Де Лихт: Алегри и Ван Гал ми ја убија самодовербата

Играчот на Баерн, Матијс де Лигт изјави дека селекторот на Холандија, Луј ван Гал и тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри му ја убиле самодовербата. Холанѓанецот пристигна во Минхен летово од Јувентус за сума од 67 милиони евра по три години поминати во Торино.

dobivaj vesti na viber

„Минатата година за прв пат во кариерата имав двајца тренери, Луј ван Гал и Масимилијано Алегри, кои не ме ставија во стартниот тим, поради што изгубив самодоверба“, изјави Де Лихт во интервјуто за холандски „Де Телеграф“.
Поранешниот капитен на Ајакс рече дека не мислел ништо лошо за Јувентус кога рекол дека клубот не треба да се задоволи со четвртото место во Серија А.

„Реков дека не е добро за клуб како Јувентус да заврши на четвртото место двапати по ред. Тоа не беше напад на Јувентус, воопшто. Имам голема почит кон тој клуб, но факт е дека никој не може да биде задоволен. Никогаш нема да ги заборавам поранешните соиграчи кои ми помогнаа да се развивам како играч, но и како личност“, изјави Де Лихт.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина