Утрински Весник
Македонија

Двајца дебрани не ја почитувале одлуката за забрана за движење

Двајца дебрани не ја почитувале одлуката за забрана за движење

Дебар, 12 мај 2020 (МИА) – Полициската статистика потврдува дека во последното деноноќие двајца дебрани не ја почитувале одлуката за забрана за движење.

-Во текот на изминатото деноноќие за време на спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус,на подрачјето кое го покрива Одделението за внатрешни работи од Дебар, две лица не ја почитувале забраната за движење.Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија,потврди Стефан Димоски,портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Додава дека во истиот период, не се евидентирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди.

Во Дебар, кој беше прво жариште на коронавирусот во нашата држава и во последното 27-мо по ред деноноќие нема новозаразени со Ковид-19.

Бројот на заразени останува 51, од нив двајца од Центар Жупа, сопружници кои беа и прводијагностицирани по нивното враќање од Италија. Од вкупната бројка 47 се излекувани, додека четворица починаа.вт/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Продор на посвеж воздух од север и ново силно невреме доаѓаат во Македонија!

ЦУК: Два активни пожари, изгаснати 18, еден ставен под контрола

Филипче: Владата сака да биде најдобриот ученик, а за сега има само единици по сите предмети