Утрински Весник
Спорт

Дали Верона ќе „пушти“ Џенова на Пандев да опстане во Серија А?

Дали Верона ќе „пушти“ Џенова на Пандев да опстане во Серија А?

Вечерното комплетирање на последното 38. коло во италијанската Серија А донесува една интересна битка за опстанок помеѓу Џенова на македонскиот капитен и Лече, и Италија не би била Италија да нема сомнежи за нелегалност и пристрасност.

Џенова, која има поен преднот, дома игра со Верона, додека Лече ја пречекува Парма, а фановите на Лече се загрижени за „блискоста“ на Верона со Џенова и се сомневаат дека тие ќе им „пуштат“ резултат.

На клупата на Верона е Иван Јуриќ, поранешниот тренер на Џенова, а покрај тоа бекот на Хелас, Мигуел Велосо е оженет со Паола Прециози, ќерката на претседателот на тимот на Пандев, Енрико Прециози. Јуриќ ветува дека ќе биде фер.

„Нема да играм со млади играчи, сакам чесен натпревар. Разочаран сум од тие обвинувања и навистина ме нервира тоа. Да, јас сум поранешен тренер на Џенова, а Мигуел е оженет со ќерката на претседателот на Џенова, но ние сме пред сè професионалци“, вели Јуриќ.

> Дали Верона ќе „пушти“ Џенова на Пандев да опстане во Серија А? <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Синер рутински против Зверев за историски триумф во Мадрид

ФИФА ќе ја преиспита својата стратегија за продажба на влезници за СП2030

Ракометарите на Охрид вечерва против Целје за историско финале