Утрински Весник
Македонија

Град Скопје: За првпат се изречени големи казни за лица и компании кои нелегално фрлаат отпад

Град Скопје: За првпат се изречени големи казни за лица и компании кои нелегално фрлаат отпад

Од Град Скопје информираат дека продолжува чистењето и средувањето на над 120 мапирани депонии низ Скопје.

„На дивата депонија во Лисиче кај Усјански канал исчистени се вкупно 538 кубни метри смет, шут и кабаст отпад и девастирана вегетација. Исчистена е вкупна површина од 1.345 квадратни метри. Кај депонијата во Кисела Вода на улица Христо Татарчев исчистена е површина од 506 квадратни метри со исчистен и транспортиран смет, шут и кабаст отпад во депонијата Дрисла. Исчистената депонија е комплетно оградена со метални столпчиња и жица во висина од еден метар“, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека чистењето на дивите депонии во Скопје е приоритет во заштитата на животната средина и намалување на загадувањето.

„За првпат се изречени големи казни за лицата и компаниите кои фрлаат нелегално отпад и оваа пракса ќе продолжи и понатаму. Неселективно ќе се постапува за сите оние кои го загрозуваат животот и здравјето на граѓаните“, порачуваат градските власти.

Можете да прочитате

Почина писателот Цане Андреевски – 24info.mk

Најава за невреме низ Македонија – температурите ќе паднат

Тошковски: Разбивме 14 организирани криминални групи, со над 200 сторители