Утрински Весник
Македонија

Град Скопје: За првпат се изречени големи казни за лица и компании кои нелегално фрлаат отпад

Град Скопје: За првпат се изречени големи казни за лица и компании кои нелегално фрлаат отпад

Од Град Скопје информираат дека продолжува чистењето и средувањето на над 120 мапирани депонии низ Скопје.

„На дивата депонија во Лисиче кај Усјански канал исчистени се вкупно 538 кубни метри смет, шут и кабаст отпад и девастирана вегетација. Исчистена е вкупна површина од 1.345 квадратни метри. Кај депонијата во Кисела Вода на улица Христо Татарчев исчистена е површина од 506 квадратни метри со исчистен и транспортиран смет, шут и кабаст отпад во депонијата Дрисла. Исчистената депонија е комплетно оградена со метални столпчиња и жица во висина од еден метар“, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека чистењето на дивите депонии во Скопје е приоритет во заштитата на животната средина и намалување на загадувањето.

„За првпат се изречени големи казни за лицата и компаниите кои фрлаат нелегално отпад и оваа пракса ќе продолжи и понатаму. Неселективно ќе се постапува за сите оние кои го загрозуваат животот и здравјето на граѓаните“, порачуваат градските власти.

Можете да прочитате

15годишник од Кочани полово нападнал друг малолетник

Со автомобил удрен малолетник во Кичево, кривична пријава за возачот

Македонската енергетика не страда од недостиг на ресурси, туку од вишок интереси