Утрински Весник
Свет

Германскиот претседател во самоизолација, неговиот телохранител има коронавирус

Германскиот претседател во самоизолација, неговиот телохранител има коронавирус

Германскиот претседател, Франк-Валтер Штајнмајер е во домашна самоизолација откако било утврдено дека еден од неговите телохранители е позитивен на Ковид-19.

Претседателот се тестирал и тестот покажал негативен резултат, но бидејќи тој бил во контакт со заразено лице, од денеска е во самоизолација, потврдиле од Кабинетот на претседателот, а пренесе „Дојче веле“.

Според последните информации, со заразениот телохранител Штајнмајер бил во контакт минатата недела.

Сојузниот претседател не е првиот германски политичар што треба да оди во карантин поради можна изложеност на коронавирус. Кон крајот на март, канцеларката Ангела Меркел исто така превентивно се самоизолираше како мерка на претпазливост, затоа што беше во контакт со лекар за кој подоцна се покажа дека бил заразен со Ковид-19.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп најавува „некаков вид дивиденда“ за Американците од новите царини

Голем корупциски скандал во Украина – краделе од тендерите за набавка на дронови

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking