Утрински Весник
Свет

Германија ѝ порача на Велика Британија: Престанете со игрите

Германија ѝ порача на Велика Британија: Престанете со игрите

Германскиот државен секретар за европски прашања, Мајкл Рот, ја повика Велика Британија да го почитува договорот за одвојување од ЕУ, пред клучното гласање на британскиот парламент за нацрт-законот со кој се укинуваат делови од тој договор.

„Ние сме навистина, но навистина разочарани од резултатите од досегашните преговори“, им рече Рот на новинарите на патот кон разговорите со европските колеги во Брисел.

„Овој таканаречен нацрт-закон за внатрешен пазар многу нè загрижува бидејќи ги крши водечките принципи на договорот за раздружување. И тоа за нас е целосно неприфатливо“, нагласи тој.

„Но, ве молам, драги пријатели во Лондон, престанете со игрите. Времето истекува“, рече тој.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нови израелски напади врз Бејрут

Телефонски разговор Путин-Ердоган за судирите на Блискиот Исток

Една од најголемите фабрики за алуминиум во светот е затворена: „Длабоко сме вознемирени“