Утрински Весник
Свет

Германија одобри испраќање оружје во Украина, германските војници пристигнуваат во Источна Европа

Германскиот парламент денеска одобри испраќање на тешко оружје и сложени системи во Украина.

Испраќањето оружје го поддржаа пратениците на владејачката коалиција, но и најголемата опозициска партија ЦДУ. Против беше ултрадесничарската партија АФД, која смета дека со испраќање оружје во Украина, Германија е блиску до објавување војна.

Германија, исто така, ќе распореди повеќе војници во Источна Европа со цел да го зајакне присуството на НАТО, како и да ги охрабри руските војници да го положат оружјето и да бараат азил во Германија и во ЕУ, наведуваат германските медиуми.

Можете да прочитате

Трамп со нова закана кон Иран: На ред се мостовите и електраните

Рекордна цена на дизелот во Германија

Иран тврди дека соборил американски Ф-35