Утрински Весник
Економија

Германија во паника поради исплатата на гас во рубли, се прават драстични потези

Германија во паника поради исплатата на гас во рубли, се прават драстични потези

Германскиот министер за економија и вицеканцелар Роберт Хабек најави дека во таа земја ќе биде во сила нивото на рано предупредување за испорака на гас, бидејќи Москва сè уште бара плаќање во рубли.

Овој потег е прв од трите нивоа на предупредување и вклучува создавање на кризен тим кој ќе се справи со тензичната ситуација во снабдувањето со гас. Германското складиште за гас во моментов е исполнето со околу 25 отсто од капацитетот, рече Хабек.

„Во моментов нема недостиг во понудата. Сепак, мора да ги зголемиме мерките на претпазливост за да бидеме подготвени во случај на ескалација од страна на Русија“, објасни Хабек.

Министерот за економија ги повика компаниите и поединците да се обидат што повеќе да ја намалат потрошувачката на енергија, бидејќи Германија се обидува да се ослободи од зависноста од рускиот гас.

Минатата недела рускиот претседател Владимир Путин објави дека неговата земја ќе испорачува гас на Германија и другите „непријателски држави“ само доколку тие плаќаат во рубли, со цел да ја поддржи валутата која ослабе поради западните санкции.

Можете да прочитате

Трипуновски: „Македонско најдобро” со поддршка од Стопанската комора, македонските производи ќе го носат логото на кампањата

Ревизија: ЕСМ струјата ја продава по двојно пониска цена од производната

Славески од Глобалниот форум на АФИ: Финансиската вклученост е предуслов за одржлив раст и стабилност