Утрински Весник
Спорт

Гвардиола признава дека Ливерпул за него се „болката во задникот“

Гвардиола признава дека Ливерпул за него се „болката во задникот“
Dik 300x250 mk

Пеп Гвардиола ги опиша на шега ривалите Ливерпул како „болка во задникот“, оценувајќи го тимот на Јирген Клоп како главна закана во борбата за титулата од Лигата на шампионите.

Сити ги „уништија“ Спортинг Лисабон со 0:5 победа на гости во вторникот, но Гвардиола вели дека тоа не ги прави фаворити за титулата во Лигата на шампионите, посочувајќи ги Ливерпул, кои вечерва играат со Интер како едни од фаворитите.

„Лани во Лигата на шампионите игравме 14 или 15 натпревари, победивме во 12, една одигравме нерешено и загубивме во финалето. Така што е тешко да посакаш подобра сезона во Лигата на шампионите. Луѓето велат дека мораме да ја освоиме ЛШ. Се обидовме лани, пред две сезони, секоја година.  Кој може да не победи? Ливерпул. Тие заостануваат шест поени зад нас во лигата и се големи ривали. Вистинска болка во задникот. Имаат фантастичен тим. Видете ги ПСЖ, како играа против Мадрид, видете ги Интер, Ливерпул или Јунајтед. Тоа што си фаворит не значи ништо во април или мај“, вели Гвардиола.

> Гвардиола признава дека Ливерпул за него се „болката во задникот“ <

Можете да прочитате

Беќири: Ваквите победи се послатки

Осимен блесна со два гола за Галатасарај, Атлетик Билбао со пресврт до први бодови во Лигата на шампионите

ЕХФ воведува ново натпреварување на ниво на репрезентации