Утрински Весник
Спорт

Гвардиола: Кога ќе работам во Италија, Баџо ќе ми биде помошник

Гвардиола: Кога ќе работам во Италија, Баџо ќе ми биде помошник

Пеп Гвардиола, во интервју за „Кориере дело Спорт“, евоцирал спомени од времето кога го носел дресот на Бреша. Не крие дека ја прифатил понудата од Бреша, бидејќи тогаш овој тим на теренот го предводел Роберто Баџо.

„Јохан Кројф секогаш имаше пофални зборови за него. Сакаше да го види во шпанската лига, го интересираше како ќе се снајдеше во Примера. Во тоа време, Баџо можеше да игра секаде, но немаше шанса да ја напушти Италија. Во Италија играа најдобрите играчи, а оное кои не беа таму сакаа да дојдат во Серија А. Не размислував многу кога ме контактираа од Бреша. Баџо беше таму и беше јасно дека имаат големи планови“, рекол Гвардиола.

Легендарниот Баџо, неодамна во едно интервју изјави дека денешниот фудбал воопшто не го интересира.

„Тој го сака својот внатрешен мир, си го сака семејството, ужива во мали работи. Кога ќе имам 72 години о кога ќе работам во Италија ќе го прашам да ми биде помошник. Ќе се обидам да го натерам да се врати во фудбалот, знам дека ќе биде тешко“, заклучил Гвардиола.

> Гвардиола: Кога ќе работам во Италија, Баџо ќе ми биде помошник <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ спаси две сет топки, во два тај-брејка го победи Микелсон

ФИФА ќе побара да се вклучат футсалот и фудбалот на плажа во програмата на Олимписките игри

Бањаја победи на спринтот во Јапонија