Утрински Весник
Магазин

Гал Гадот ќе глуми и ќе продуцира научнофантастична романса

Гал Гадот ќе глуми и ќе продуцира научнофантастична романса

Гал Гадот повторно ќе се здружи со продуцентите на Wonder Woman, Чарлс Ровен и Ричард Сакли, на новата адаптација под наслов Meet Me In Another Life.

35-годишната актерка, која обично глуми суперхероина во холивудските блокбастери, ќе биде дел од актерскиот тим, а исто така и продуцент на филмската адаптација на дебитантскиот роман на Катриона Силви, кој во вторникот го објави издавачката куќа „Вилијам Мороу“.

Нема детали за тоа кој ќе биде сценарист или режисер, пишува „Холивуд репортер“.

Можете да прочитате

По една година употреба електронски цигари, забележано е драстично намалување на белодробната функција кај младите

Истражување: Пациенти глумат дека имаат симптоми за да добијат антибиотици

Дневен хороскоп за 14 ноември: Овните да забават, Вагите да одвојат време за себе