Вупи Голдберг се соочува со бурни реакции откако во своето ток-шоу „Поглед“ (The View) на „Еј-би-си“ изјави дека холокаустот не е поврзан со раса.
Дискусијата во понеделникот беше поттикната од забраната од страна на училишен одбор во Тенеси за графички роман за нацистички логори на смртта во текот на Втората светска војна. Училишниот одбор смета дека книгата е несоодветна за 13-годишници.
Познатата актерка и ТВ-водителка во емисијата изјави дека во нацистичкиот геноцид врз Евреите биле вклучени две групи бели луѓе.
„Сметам дека не станува збор за раса, туку за човекова нехуманост кон други луѓе,“ рече таа.
Критичарите на ваквиот став на Голдберг истакнаа дека самиот Хитлер ја изразил својата омраза кон Евреите во расна смисла.
Таа се извини – но во конфузниот и очајнички обид да ги разјасни своите коментари, на крајот мораше повторно каже: извинете.
„Во денешната емисија реков дека холокаустот не е за раса, туку за нечовечност од човек кон човек. Требаше да кажам дека тоа важи и за двете. Еврејскиот народ ширум светот отсекогаш ја имал мојата поддршка и никогаш нема да ја изгуби. Жалам за навредата, за болката што ја нанесов,“ напиша Голдберг на Твитер.
Медиумите потсетуваат дека нацистите, кои сeбеси се сметаа за ариевска господарска раса, убија шест милиони Евреи во Холокаустот.