Утрински Весник
Свет

Во Србија расте бројот на новозаразени од коронавирус, 16 починати

Во Србија расте бројот на новозаразени од коронавирус, 16 починати

Во последните 24 часа во Србија на коронавирус биле тестирани 16.743 лица, од кои позитивни биле 4.157, а починале 16 лица.

Според најновите податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, 168 пациенти се приклучени на апарати за дишење.

Од овој викенд во сила се нови мерки – угостителските објекти и трговските центри се отворени само до 14 часот, а храната и услужните активности може да бидат отворени до 20 часот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кина, САД и Русија ќе продолжат со координацијата на работно ниво по историскиот „мировен самит“, соопшти официјален Пекинг

Трамп, Путин и Шји објавија заедничка декларација кон мирот: Нуклеарна војна не смее да има

Шји, Путин и Трамп разговараа за Украина, нуклеарното разоружување и глобалната безбедност