Утрински Весник
Свет

Во поплавите во Авганистан загинаа 16 лица, претежно деца

Во поплавите во Авганистан загинаа 16 лица, претежно деца
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Најмалку 16 лица го загубија животот во поплавите во источниот дел на Авганистан, додека четворица се повредени, пишува Асошиејтед Прес.

Повеќето од жртвите се деца, потврдија официјалните лица.

Поплавите погодиле село во Нангархар, изјави портпаролот на гувернерот на покраината. Тој рече дека надлежните испратиле дополнителни екипи на теренот, со цел да им дадат помош на службите за итни случаи кои учествуваат во операцијата за спасување и додаде дека во поплавите биле оштетени околу десетина куќи.

Во источниот дел на Авганистан обилните дождови се чести во текот на летото, што доведува до поплави, како резултат на што секоја година неколку стотици луѓе ги губат своите животи, а голем број завршуваат со повреди.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Лавров: САД ни ветија украинска територија

Будимпешта го блокира годишниот документ за проширување на ЕУ поради Украина

Силни безбедносни гаранции од Европа и САД се услов за мировен договор, порача Зеленски