Утрински Весник
Свет

(Вознемирувачко видео) Неколку загинати и повеќе повредени во експлозија на аеродром во Јемен

(Вознемирувачко видео) Неколку загинати и повеќе повредени во експлозија на аеродром во Јемен

Силна експлозија и пукање го погоди аеродромот Аден во Јемен во моментот кога слетал авионот со кој се превезувале членовите на новата јеменска влада.

Членовите на владата кои пристигнале од Саудиска Арабија не се повредени, бидејќи во тоа време биле во авионот. Според првите информации загинале 5 лица, а над 20 се повредени.

Новата јеменска влада треба да започне со работа денес, предводена од Моин Абдул-Малик.

Претходно, владата на Јемен положи заклетва во Ријад, каде што е претседателот на земјата, Абду Рабу Мансур Хади.

Аден е привремен главен град на Владата на Јемен, која е признаена од меѓународната заедница, по бунтот на Хутите во 2014 година.

Вистинскиот главен град на републиката, Сана, веќе шест години е контролиран од шиитските бунтовници, Хутите.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нетанјаху закрепнува по труењето со храна, соопшти неговиот кабинет

Затворени аеродромите во Москва поради напади со дронови

Најмалку 73 лица се убиени во Газа додека чекале да добијат храна