Настанот на ВМРО-ДПМНЕ чинеше многу помалку од парите што ги украдоа Зоран и Вице Заеви и луѓето околу нив што сега се во Владата, велат во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прашањето на СДСМ колку чинеше, како што наведоа од таа партија, пропаднатата забава на ВМРО-ДПМНЕ во Филхармонијата?
„Настанот на ВМРО-ДПМНЕ чинеше милион пати помалку од сите матни тендери во РЕК ‘Битола’ и од рекети за кои имаше кривични пријави за Вице, од кои исчезна неговото име. Прославата на ВМРО-ДПМНЕ чинеше многу помалку од туцето пари што Ден Дончев го ставаше во торба, а нема одговорност. Настанот чинеше неколкупати помалку од парите што Драги Рашковски ги собра за мекици. Настанот на ВМРО-ДПМНЕ чини и многу помалку од парите од местените тендери за бандери во општини на нивните поранешни градоначалници“, е посочено во писмениот допис.
Од партијата на Мицкоски оценуваат дека во СДСМ се нервозни затоа што градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ имаат реализирано 1.090 проекти за 100 дена, 166 капитални објекти, 33 градинки, 68 училишта, 206 улици и патишта.
„Во СДСМ се нервозни затоа што градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ работат“, истакнуваат од оваа партија.