Утрински Весник
Свет

(Видеo) Големи поплави во Албанија, војската го евакуира населението

(Видеo) Големи поплави во Албанија, војската го евакуира населението

Околу 200 приватни куќи во албанската општина Скадар беа поплавени поради обилните врнежи од дожд што паднаа претходните денови, но и од излевањето на реките, а албанската војска евакуираше бројни домаќинства.

Според порталот „Албанија дејли њуз“, бројни куќи во општина Скадар и селото Ливаде останале без струја и вода и биле отсечени од светот, а некои патишта може да се поминат само со чамци.

Општината побара од владата да прогласи вонредна состојба во некои делови од неа.

Ситуацијата е сериозна и во општина Валона, каде што поплавите создадоа сериозен сообраќаен хаос.

Слична е состојбата и во пристаништето Драч, каде што сообраќајот на мали и средни пловни објекти е прекинат, а спорадични поплави се забележани во градот Лушња, каде што нивото на водата достигна 30 сантиметри.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НАТО распореди германски борбени авиони поради руско присуство во Балтичкото Море

Руските сили напредуваат во нов украински регион

Велика Британија прима студенти од Појасот Газа за да го завршат своето образование