Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Украинците избегале од воената база во близина на Херсон, оставајќи зад себе тони муниција и тенкови, тврдат Русите

(Видео) Украинците избегале од воената база во близина на Херсон, оставајќи зад себе тони муниција и тенкови, тврдат Русите
Img 7972

Руски војници ја презедоа контролата врз воената база на вооружените сили на Украина кај селото Раденск, во областа Херсон, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Украинската армија набрзина ги напушти позициите и ја напушти базата со опрема, оружје и муниција. Базата се наоѓаше на површина од шест до седум хектари. Меѓу трофеите пронајдени во неа беа и украинските тенкови Т-64 и Т-80, оклопни транспортери, борбени возила. На неколку метри од паркингот се наоѓа голем хангар. Во него има складиште за муниција, мини, противтенковски ракети, минофрлачи и тенковски гранати“, соопшти руското Министерство.

Вкупно пронашле повеќе од 4,5 илјади тони муниција, велат оттаму.

„Тука веројатно биле обучувани различни воени единици. Во базата може да се сместат околу четири илјади борци“, пишуваат Русите.

Неколку часа претходно, градоначалникот на Керсон, Ихор Колихаев, изјави за Си-Ен-Ен дека во градот нема повеќе оружје за да се спротивстави на руските сили кои го опколија градот.

„Жителите на Херсон се невооружени. Ние веќе немаме оружје за да се спротивставиме, да пружиме вооружен отпор“, изјави тој за Си-Ен-Ен.

Можете да прочитате

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас

Демонстранти упаднаа во дворот на претседателската палата во Тбилиси на денот на локалните избори