Утрински Весник
Македонија

(Видео) Туристичките водачи му се пожалија на Пендаровски дека немаат пензиско и здравствено осигурување

(Видео) Туристичките водачи му се пожалија на Пендаровски дека немаат пензиско и здравствено осигурување

Претставници на Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници (МАТВП), на средба со претседателот Стево Пендаровски посочија дека немаат регулиран статус.

Претставувајќи ги активностите во насока на подобрување на позицијата на водичите и нивната професија, тие на Пендаровски му укажаа дека немаат здравствено и пензиско осигурување.

Претставниците на асоцијацијата го запознаа Пендаровски со нивната работа и заложбите за создавање на услови за квалитетно едуцирање на туристички водичи и придружници, со цел обезбедување квалитетни и професионални услуги.

Можете да прочитате

Пет лица повредени во сообраќајка кај Зајас

Малолетници без возачка возеле мотоцикли без ознаки, не застанале на знак за сопирање

Човечки труп пронајден во Вардар кај Демир Капија