Утрински Весник
Економија

(Видео) Лукаревска: Преку мерката Мој ДДВ кај граѓаните се вратени над 11 милиони евра

(Видео) Лукаревска: Преку мерката Мој ДДВ кај граѓаните се вратени над 11 милиони евра

Сите граѓани кои во овој продолжен викенд, односно на 10, 11 и 12 октомври ќе купуваат домашни производи и услуги или производи од ИТ индустријата до 30.000 ден, ќе го добијат назад целиот износ на ДДВ, изјави денеска пратеничката на СДСМ, Сања Лукаравска.

„Оваа мерка којашто е дел од четвртиот пакет од антикризни мерки, станува достапна за 350.000 корисници на апликацијата Мој ДДВ, но и за нови корисници кои ќе ја инсталираат апликацијата. На граѓаните кои ќе пазаруваат домашни и производи од ИТ индустријата, меѓу 10-12 октомври, по неколку денови на трансакциските сметки ќе им биде извршен поврат на целиот ДДВ од купените производи“, објасни пратеничката и додаде дека викендот без ДДВ значи пари назад на сметките на граѓаните и зајакнување на домашниот буџет.

Лукаревска исто така нагласи дека за само една година преку мерката Мој ДДВ, веќе се вратени над 11 милиони евра кај граѓаните.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

СДСМ: Само Мицкоски убаво живее, реалноста е дека економијата е на колена а стандардот на граѓаните урнат

Огњен Лазиќ ја презема функцијата генерален директор на Пивара Скопје

Мицкоски: Реалниот раст на БДП во првиот квартал според Еуростат 3,2%