Утрински Весник
Магазин

(Видео) Лејди Гага и Адам Драјвер во првиот трејлер за „Куќата Гучи“

(Видео) Лејди Гага и Адам Драјвер во првиот трејлер за „Куќата Гучи“
Dik 300x250 mk

Во четвртокот беше објавен првиот трејлер за блескавата крими драма на Ридли Скот, „Куќата Гучи“, која детално го опишува падот на модната династија на семејството Гучи.

Филмот е базиран на вистинската приказна за Патриција Реџани – ја глуми поп иконата Лејди Гага – која го организирала убиството на својот сопруг, поранешниот шеф на брендот „Гучи“ Маурицио Гучи (кого го глуми Адам Драјвер).

Гага, која освои „Оскар“ за нејзината прва филмска улога во „Sвездата е родена“, го сподели трејлерот на својот официјален Инстаграм во четвртокот попладне, заедно со „МГМ“ на Јутјуб, само еден ден откако беа објавени постери со ликови од филмот.

Трејлерот почнува со модерната Патриција како чекори по италијански тротоар, ги спушта очилата за сонце гледајќи во продавница на Гучи.

„Тоа беше име што звучеше толку слатко, толку заводливо“, вели Патриција. „Синоним за богатство, стил, моќ како што се гледаат на снимки од модните ревии на Гучи.“

Можете да прочитате

Трик на домаќинките за најдобра кисела зелка

Имате над 40 години и сакате да ослабите: само една навика ќе ви помогне

“Немав намера да ги повредам домаќините” – Прва изјава на Цеца откако го вееше бугарското знаме на концерт во Велес