Утрински Весник
Бизнис

(Видео) Каевски: Во Македонија ќе се произведуваат електрични возила

Преку одговорните, ефикасни мерки и политики на Владата предводена од СДСМ, македонската економија станува атрактивна за сериозни, големи странски инвестиции. Владата предводена од СДСМ донесе одлука за давање согласност на Договорот за државна помош на компанијата „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“ од Ахен, Сојузна Република Германија, информира на денешната прес-конференција Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Во Северна Македонија ќе се произведуваат електрични возила. Фабриката ќе се изгради во Технолошко индустриската развојна зона во Тетово и тоа ќе биде прва фабрика во нашата држава во која целосно ќе се продуцира електричен автомобил. Ова ќе значи отворање на нови работни места, воведување на нови технологии и знаења, зголемен извоз на производ со додадена вредност, како и ставање на Северна Македонија на мапата на земји производители на електрични автомобили“, нагласи Каевски.

Заедно со придружните дејности, со оваа фабрика, како што објасни, се очекува да се отворат три до четири илјади работни места, што ќе придонесе за развој на само на Тетово, туку и на останатите општини од Полошкиот регион и државата.

„Оваа мултимилионска инвестиција е доказ дека Северна Македонија има стабилна и конкурентна економија, сигурна за сериозни странски инвеститори. И во време на светска економска криза, се потпишуваат договори за нови инвестиции, се отвораат нови работни места. Истовремено, бележиме раст на извозот и постојан раст на просечната плата“, дополни Каевски.

Според него, сето тоа е показател дека економските политики на СДСМ даваат резултат.

Можете да прочитате

Нагло падна притисокот во „Северен тек 2“: откриено опасно истекување

Битиќи на Бизнис форумот во Хрватска: Пред нас се отвораат можности кои како регион треба да ги искористиме

БЕГ тврдат дека немаат обврска да ги грејат скопјани, Влада смирува дека парно ќе има