Утрински Весник
Свет

(Видео) Европратеникот Џамбаски со нацистички поздрав во Европскиот парламент

(Видео) Европратеникот Џамбаски со нацистички поздрав во Европскиот парламент

Скандал во Европскиот парламент во Брисел предизвика бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски и десничар од партијата на Красимир Каракачнов, кој отпоздрави со „Хајл Хитлер“ кога излегуваше од салата.

Остри реакции пристигнаа веднаш од Брисел.

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола рече дека фашистички поздрав во Европскиот парламент е недозволив, секогаш и секаде.

„ Ова ме навредува мене и сите во Европа“ порача таа.

Францускиот државен секретар за европски прашања, кој беше присутен во пленарната сала на европарламентот во Стразбур, го нарече гестот на Џамбаски скандалозен и шокантен.

На вчерашната седница во Европскиот парламент, тој застана зад Полска и Унгарија во однос на владеењето на правото во овие две земји, кое веќе подолго време е оспорувано од Брисел.

„ Фактот што некој не се согласува со вас не значи дека е нацист. Се извинувам ако моето невино мавтање навреди некого“, се огласи на Твитер Џамбаски по скандалот.

Можете да прочитате

Почина 28-годишна вработена во руски институт за чума – СЗО го процени ризикот за Европа

Трамп: Проблемот во Франција не се училиштата, туку исламот кој сака да ја преземе власта

Неколку стотици илјади луѓе протестираа во Франција заедно со средношколците и студентите