Утрински Весник
Македонија

(Видео) Бачев: Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ никогаш нема да ги признае овие избори

(Видео) Бачев: Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ никогаш нема да ги признае овие избори

На 15 јули во Македонија се случи историски скандалозен преседан со планот за колатерална штета на Единствена Македонија на изборите, обвини претседателот на партијата, Јанко Бачев. Според него, се случил изборен фалсификат спрема Единствена Македонија.

Бачев кажа дека Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ никогаш нема да ги признае овие избори со кои, како што кажа, е направен тежок изборен фалсификат. Тој најави дека оваа недела ќе почне постапка и пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

„Прво, на ДИК по изборите им фалат 2.013 гласачки ливчиња со кои е правен масовен фалсификат по моделот на т.н. бугарски воз. Откако го обелоденивме овој факт, ДИК експресно излезе со одговор дека било „техничка грешка“; второ, моите билборди во Струмица каде беше клучната битка со Заев, веднаш по монтажата се отстранети уште првиот ден од кампањата, иако уредно се платени. По изборите, поднесовме приговор, еве го одговорот, внимавајте добро, пак истата формулација „техничка грешка“, трето, добивме фрапантен податок од терен дека дури 24.066 гласачки неважечки ливчиња се однесуваат на редниот број 11, а тоа се наши гласови. ДИК не дозволува да направиме увид и јавноста официјално да го види овој тежок фалсифика“, рече Бачев.

Исто така, додаде тој, во заднина без да знае никој, ДИК го избриша од избирачкото ливче називот „Никогаш северна – само Македонија“ иако листите беа поднесени со тој назив.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Шекеринска ги обедини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во чест на историскиот успех

Македонски автобус вечерва се излизга од автопат и удри во банкина во Србија

Мицкоски: Се надевам дека деновиве ќе имаме друга позиција од банките, целта е што пониска камата за бизнисот