Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Верхофстад: Време е Орбан да престане да ги финансира анти-ЕУ и анти-НАТО силите во Северна Македонија и Словенија

Верхофстад: Време е Орбан да престане да ги финансира анти-ЕУ и анти-НАТО силите во Северна Македонија и Словенија
300x250 opst2

Љубљана, 11 февруари 2020 (МИА) – Пратеникот во Европскиот парламент и поранешен лидер на Алијансата на либералите и демократите за Европа (АЛДЕ) Ги Верхофстад на Твитер напиша дека унгарскиот премиер Виктор Орбан треба да престане да ги финансира силите кои се против Европската унија и НАТО во Северна Македонија и Словенија.

„Виктор Орбан финансира анти-ЕУ и анти-НАТО сили во Словенија и Северна Македонија. Крајно време е ова да престане” напиша Верхофстад.

Овој став на европратеникот доаѓа по текстот на порталот Нецензурирано, дека медиуми во Словенија и Северна Македонија се финансираат од пари на компании кои се блиски до партијата Фидез на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Денеска и словенечката полиција потврди дека Националното биро за истраги води предистражна постапка за начинот на кој се финансираат одредени медиуми во земјата. ав/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Од вечерва почнува изборниот молк за локалните избори

Митовски: Ниту закани, ниту полиција не можат да ја скршат волјата на Паланчани

Филипче: СДСМ повторно расте, останува единствена сила што може да му се спротивстави на ДПМНЕ