Утрински Весник
Економија

Ваучерите за туризам ќе може да се користат и преку туристички агенции

300x250 (7)

Министерството за економија овозможи сите лиценцирани туристички агенции кои сакаат да работат со ваучери за туризам, да можат дополнително да се регистрираат на платформата „Дома си е дома“ заклучно со 10 август.

На тој начин граѓаните кои добиле ваучери за туризам освен во сместувачките капацитети да можат да ги искористат ваучерите и преку туристичките агенции кои ќе се регистрираат на платформата.

„Согласно Уредбата со законска сила за издавање на ваучери за туризам на вработени лица со низок доход заради поттикнување на домашниот туризам за време на вонредна состојба, Министерството за економија ги повикува сите лиценцирани туристички агенции кои сакаат да работат со ваучери за туризам, во рамките на нивните понуди за Република Северна Македонија да вклучат и можност за резервација со ваучери за туризам издадени од страна на Министерството за економија преку платформата domasiedoma.gov.mk“, соопшти Министерството.

За да исполнуваат услови за добивање на пристап во платформата туристичките агенции треба да имаат валидна лиценца за работа издадена од страна на Министерството за економија и истата да ја прикачат на самата платформа.

Агенциите кои претходно се имаат пријавено на платформата „Дома си е дома“, а ги исполнуваат условите (имаат валидна лиценца) автоматски ќе бидат одобрени од страна на Министерството за економија.

Туристичките агенции во рамките на понудите можат да понудат сместување, а и да вклучат и дополнителни услуги како што се: превоз до туристичките центри, екскурзии, водичи, прошетки и сл.

За 20 дена откако стартуваше мерката ваучери за домашен туризам до денеска искористени се над 8.400 ваучери.

Ваучерите граѓаните ќе може да ги искористат до 15 декември 2020 година.

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

32 години од воведувањето на денарот

Одржана редовната седница на Советот на Народната банка

АЕТМ и ВИЗА доделуваат грантови од 1000 евра за отворање на е-продавница