Утрински Весник
Спорт

Буфон: Две титули ни украдоа

Буфон: Две титули ни украдоа

Голманот на Јувентус Џиџи Буфон открил дека зад него е тешка сезона но дека е среќен што ја остварил целта. Легендарниот голман на почетокот на сезоната се врати во Јувентус од ПСЖ и со „старата“ дама по десетти пат ја освои титулата во Премиер лигата.

„Многу сум среќен, важно ми беше да ја завршиме оваа приказна, во спротивно ќе имав чувство дека не сум ја завршил работата. Имав цел да да ја освоиме десеттата титула бидејќи две претходно ни украдоа. Успеав, не ми беше лесно да се адаптирам толку бргу“, рекол Буфон кој минатата сезона му беше резерва на Војчех Шчесни.

„Ме радува што го соборов рекордот според бројот на настапи во Серија А. Се тестирав себе си, горд сум што го поминав тестот. Никогаш не сум ги сакал арогантните луѓе, а мојот втор мандат на клупата беше тест за мене за да видам дали и јас сум таков. на среќа си докажав дека не сум таков“, рекол 42 годишнот голман.

Буфон пред заминувањето во ПСЖ 17 сезони го носеше дресот на Јувентус.

> Буфон: Две титули ни украдоа <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026