Утрински Весник
Свет

Британскиот парламент ги продолжи вонредните мерки до септември

Британскиот парламент ги продолжи вонредните мерки до септември

Британскиот парламент го одобри продолжувањето на итните мерки поради коронавирусот за шест месеци и и овозможи на конзервативната влада да ги задржи широките овластувања за ограничување на секојдневните активности.

Долниот дом на британскиот парламент гласаше за продолжување на вонредните овластувања на владата до септември и го одобри планот на извршната власт за постепено олеснување на строгите мерки во следните три месеци.

За продолжување на специјалните овластувања на владата на Борис Џонсон гласаа 484 пратеници, а 76 беа против.

Џонсон се соочи со револт од дел од пратениците на неговата партија кои тврдат дека цената на ограничувањето ќе биде поголема од придобивките што ќе ги донесе.

Бројот на заразени и починати во Велика Британија нагло опадна во февруари, додека се зголемува во повеќето делови на Европа.

Можете да прочитате

Во 2026 повторно ќе се плаќа такса за посета на Венеција

Русија ќе одговори доколку другите земји ѝ дозволат на Украина да го користи нивниот воздушен простор за напади

Марта Кос ги оцени инцидентите на локалните избори во Србија